1 коментар 1 мин. читање

Хрватскиот Agrokor вработува нови кадри користејќи Apply with LinkedIn

Agrokor, една од најголемите компании од Хрватска, одлучи да го искористи новиот плагин на LinkedIn за вработување на специјалист за веб комуникација и менаџер за водење на службениот Twitter профил, пишува хрватскиот блог Netokracija.

Друштвената мрежа за професионални контакти, LinkedIn неодамна претстави плагин кој има за цел да го олесни аплицирањето за работа. Станува збор за копчето Apply With LinkedIn кое овозможува на едноставен начин да се аплицира за работа, а истовремено ја олеснува работата и на оние кои вработуваат.

Tокму преку копчето Apply With LinkedIn, Agrokor ги мотивира потенцијалните кандидати да аплицираат користејќи го својот LinkedIn профил. Еден од условите за овие работни позиции е потенцијалните кандидати да се активни на Facebook, Twitter и Tumblr.

Според менаџерот на Agrokor за дигитален маркетинг, Иван Ковачевиќ, причина за овој потег е тоа што работните позиции бараат луѓе кои постојано ги коистат друштвените мрежи, и бидејќи се во тренд со новите достигнувања во интернет маркетингот логично е да имаат LinkedIn профил. Агрокор, огласот за вработување го има раширено низ друштвените мрежи како што се Twitter, Facebook, LinkedIn и Google+.

Се прашувам дали во скоро време ќе видиме ваков начин на вработување и кај нас, со оглед на тоа што поголемиот број на македонски компании воопшто немаат LinkedIn профил.

(via This is Not Social Media Blog)

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top