ЕА реагираше на критиките, ги смени условите за користење на Origin

Минатата недела гејмерската заедница беше прилично гласна по повод прилично нејасениот и општ договор за условите на користење на EA онлајн продавницата Origin. Според најголемиот број на корисници кои коментираат една од клаузулите беше премногу нападна и собираше премногу податоци од корисникот. Од ЕА реагираа речиси веднаш и го промениа проблематичниот член од договорот. Дел од притисокот можеби беше од корисниците, а другиот дел секако е што не сакаат лош маркетинг со самото пуштање на услугата, уште повеќе што веќе целосно ги повлекоа свиоте производи од Steam.

Новиот дел сега гласи:

Во ЕА знаат колку сте загрижени за податоците кои ги собираат, користат и споделуваат и се благодарни за укажаната доверба. Информациите за нашите корисници се важен дел од нашиот бизнис и ЕА никогаш нема да ги продате вашите лични податоци кои можат да ве идентификуваат на никого нити било кога ќе користат spyware или ќе инсталираат spyware на компјутерите на своите корисници.

Остатокот од „Условите за користење“ можете да го погледнете тука.

Без разлика на ова порталот gamerlaw објави дека и претходно не постоела причина за загриженост. Од gamerlaw ова го поткрепуваат со објаснувањето дека договорот за користење неможе да биде во конфликт со договорот за приватност. Затоа овие два договора мора да се разгледуваат заедно. Како додатна сигурност на корисниците ЕА се должни да се придржуваат до законот за зажтита на податоци во државата во која продаваат. Со оглед на тоа дека Македонија ќе мора да ги усогласи законите со тие во EU новиот закон кај нас најверојатно ќе биде сличен со законите на државите членки на EU. Покрај ова gamerslaw објаснуваат и дека не постои голема разлика помеѓу договорите на користење на Origin, Windows 7 или Blizzard.

Поголем проблем од самиот договор за користење е можеби навиката која ја имаме ние корисниците, за спамање на [Next] копчето се додека не почне играта без било какво читање на правилата за користење. Ова е и разбирливо со оглед на тоа дека дека се неверојатно долги и главно полни со правни фрази кои и кога ги читаме не ги разбираме до крај. Друг проблем е што најчесто видео игрите ги купуваат  родители, а  игрите ги инсталираат деца па на крајот луѓето повторно не знаат на што се обврзале.

Што се однесува на делот во кој од ЕА се обврзуваат дека ќе ги чуваат податоците на своите корисници, најверојатно со овој проблем најдобро се запознаени корисниците на PSN мрежата по нивното безбедносно фијаско.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments