Shovel е хрватски стартап креиран од Марко Царевиќ, кој изработува дискови за велосипеди. Но, тоа што е интересно кај овој стартап е што Марко морал да креира сопствена CNC машина за да го направи и продуктот. Стартапот е еден од најветувачките во Хрватски, а неодамна на акцелерација на пертприемачки камп во Осјек доби 60.000 хрватски куни, околу 8.000 евра, јави Netokracija. Следниот чекор на Shovel е да стартува Kickstarter кампања за да добие финансиска поддршка од фановите на продуктот.
„Идејата за изработка на сопствена CNC машина дојде во истиот момент кога видов ваков уред кај еден пријател. Се разбира од финансиски причини не можев да си дозволам комерцијална машина, па штедев и си направив сопствена машина. CNC машината оригинално беше замислена за обработка на дрво и мебел, но по една незгода и пад од велосипед поради ланецот, се одлучив за секогаш да го решам овој проблем. Со години го надградував својот продукт и сега ја креирав најдобрата водилица за ланец во светот“, вели Марко.
Водилицата за ланец на Shovel тежи само 120 грама и за разлика од конкуренцијата која се монтира за 15-20 минути, Shovel се монтира за 55 секунди. Квалитетот на неговиот производ веќе е познат, па голем број на врвни велосипедисти го бараат токму неговиот производ. Во интервјуто за Netokracija, Марко им се заблагодари на сите што му помогнаа да го креира продуктот, вклучувајќи го Митко и Иван од македонско-хрватскиот стартап u:Plug.
„Се разбира не можев волку добро да се подготвам без луѓето од мојот тим како Карл Конинг, кој е во одделот за маркетинг. Но и на некој други луѓе кои помагаа во комерцијализацијата на Shovel. Голема благодарност до Митко Чабевски, Жељко Борис Хубер и Иван Јелушиќ, кои со своето знаење ми покажаа како се прават некои работи“.







