Апликација на денот: Зачувајте ги сите лозинки со Norton Identity Safe

во Совети

На сите најважно нешто во онлајн светот ни се лозинките за нашите профили, а Norton Identity Safe е еден од најдобрите менаџери за лозинки кој ги чува вашите податоци и најавувањето на вашите омилени веб дестинации го прави побезбедно. Со помош на овој производ од Symantec лесно може да се управува со нашите кориснички имиња и лозинки за најавување, лични податоци и да зачувуваме друг вид на материјали што ни се важни и не сакаме секого да има пристап до нив.

Апликацијата вообичаено се управува преку десктоп верзијата и преку неа можеме да поставиме за кои сајтови сакаме автоматски да ни се пополнува формата со корисничко име и лозинка, а без притоа истите да се чуваат во прелистувачот и да бидат видливи за секого кој ќе седне на тој компјутер.

Norton Identity Safe е бесплатен и е достапен за PC, Mac OS X, Android (за iOS не е достапна во Македонија) и сите прелистувачи и можете бесплатно да го преземете од овде или соодветните маркети за вашата платформа.

[youtube]8zdrw9gi6JQ[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk