Инспирана од останатите европски пирати, хрватската Пиратска партија ќе ја брани слобода на интернет, слободен пристап до информации, приватност на корисниците, транспарентно управување и реформирање на авторските права.
Хрватските пирати неодамна во Прага беа прифатени од Pirate Parties Internationаl, кој е сочинет од 21 земја, пишува хрватска Netokracija. Следниот чекор за партијата е, како што најавуваат на својата веб страна, е да започнат со формирање на локални ограноци.
Првата Пиратска партија беше оформена во Шведска во 2006-та година. Партијата брзо го привлече вниманието на младите гласачи и од 2009-та успеа да влезе со две места во Европскиот Парламет. Таквиот успех, заедно со идеалите важни за интернет корисниците, предизвика масовно пиратско движење кои сега се манифестира во Пиратски партии во околу 30 земји во светот. Поголемиот дел од партиите забележуваат мал успех на националните избори, но сепак се доволно гласни и интересни за младите за да привлечат внимание. Повеќе за пиратите и нивната историја ќе прочитате на Wikipedia.