Анализа на .мк домените

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Има околу 22.404 регистрирани .мк домени заклучно со април 2012-та година, и секоја година има 20% раст во регистрации, ни открива Георги Станојевски од хаклабот КИКА во неговата анализа на домените.

Истражувањето покажува дека од нешто над 22-те илјади регистрирани домени, 17.094 се активни, додека 5.310 се некативни домени, односно немаат SOA запис. Од активните домени, околу 78 отсто или 13.440 имаат конфигурирано некаков веб сајт на регистрираниот домен. Од сите регистрирани домени 89 отсто се терцијарни домени под .com.mk и .mk, па следат .org.mk и .net.mk. Најмалку регистрирани има .name.mk домени, поточно само 11.

Сите податоци се добиени со анализа на јавно достапните податоци од регистарот на МАРНет, a процедурата како се собирани информациите може да ја видите тука.

Анализа на .mk домените 2012

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
falbadzija
falbadzija
10 years ago

Алал да му е на адвокатот кој успеал да регистрира повеќе домени од голем број компании што тоа им е една од основните работи (стр. 6 од Амализата).