Новата верзија на HP Spectre ги освојува корисниците. Spectre x2 на HP е со хардвер сличен на Surface, но значително „полесен“ за буџетот.
Лаптопот доаѓа со 12.3 инчен дисплеј со резолуција 3.000 х 2.000 и 293 пиксели на инч, ова е многу подобар дисплеј од претходникот кој доаѓаше со 1080р резолуција. Што се однесува на остатокот од хардверот Spectre X2 доаѓа во неколку верзии. Корисниците ќе можат да одберат неколку процесори од Core i5-7260U, до Core i7-7560U. Останатиот хардвер е: 8 или 16 GB LPDDR3; од 128 GB до 1 TB SSD; Intel Iris Plus Graphics 640 интегрирана графичка картичка; предна камера 5MP и задна камера 13 МР.
Во таблет мод големината на уредот е 293×207×7.7mm и тежи 1.1 килограми. За разлика од Surface, тастатурата и електронското пенкалото доаѓаат заедно со уредот. Најголем проблем на уредот за жал е батеријата. За преносни уреди траењето на батеријата е клучно, па ова не незабележителен недостаток.
„За жал HP не направил значителен напредок кај батеријата. Х2 работеше 7 часа и 45 минути, час повеќе од минатогодишниот модел. Ова е напредок не не е ниту блиску до Surface Pro кој без полнење може да работи 13 часа и 40 минути. Денес навистина е тешко да се поднесе ултра преносен уред кој не може да издржи ниту 10 часа без полнење“, вели Engadget.
Со исклучок на батеријата и квалитетот на електронското пенкало уредот е споредлив со Surface Pro.
„Surface Pro би им го препорачал на уметниците, електричното пенкало е супериорно во споредба со HP. Почувствително е и има поддршка за навалување. што е важно за креативците. За сите други Spectre x2 не само што е солиден уред, туку има поголма вредност за подобра цена, која уредите на Microsoft не можад да ја победат“, вели Ars Technica.