Најголемата друштвена мрежа најави дека на „Home“ екранот на Messenger наскоро пристигаат реклами. Функционалноста засега е во бета фаза, но тешко е да се поверува дека некој се радува на новитетот.
Без сомневање рекламите на почетниот екран се атрактивни за Facebook. Messenger има 1.2 милијарди активни корисници и рекламите тука се доволни да ја оддржат бесплатна платформа. Рекламите како и на Instagram ќе се купуваат по систем на аукација, добро познат модел по кој и сега функционира системот за реклами на Facebook. Дел од другите апликации за разговор не користат ваков модел за маректинг, туку продаваат налепници или стикери. Ова овозможува попријатно искуство за сите корисници бидејќи фокусот е само на приватните разговори.
Најголемиот недостаток на рекламите е што се огромни, заземаат голем простор од екранот и најчесто се неповрзани. Рекламите се без никаков контекст и се ужасно корисничко искуство. Дополнително не постои ама никаков начин, да бидат отстранети. Според друштвената мрежа тест резултатите од рекламите биле ветувачки.
Сосем оправдано, не сите се воодушевени од Messenger, а ниту од рекламите. TechCrunch во навистина остар текст ги критикува, како насилното наметнување на Messenger, така и новите реклами.







