Huawei се повлекува од САД по обвиненија за сајбер-шпионажа

Huawei ќе се повлече од американскиот пазар, најави директорот на кинескиот производител на паметни телефони, Рен Женгеи. Во интервју за францускиот LesEchos.fr г. Женгеи изјави дека нема намера веќе да се расправа со американските власти кои гледаат на Huawei како на шпион на Кина.

„Ако Huawei е ставен во средина на односите помеѓу САД и Кина, тогаш не вреди да се трудиме. Затоа се одлучивме да го напуштиме американскиот пазар“, вели шеесет и девет годишниот директор.

Huawai, кој е присутен на 18 пазари, вклучувајќи ја и Македонија, веќе подолго време има проблеми со американскиот пазар. Уште од 2011-та година, кинескиот производител е ставен под надзор со законски забрани до компании да соработуваат со компанијата, а се воведени и федерални регулативи кои ја ограничуваат употребата на опремата, пишува Foreign Policy. Покрај паметните телефони, Huawai продава рутери и друга интернет опрема која, американските власти се сомневаат, може да има дупки и „задни врати“ за скриен мониторинг и сајбер-напади.

Г. Женгеи, кој беше инженер во Кинеската армија пред да го основа Huawei, вели дека Huawei има одлични продажби во САД, но нема да бараат нови бизниси во земјата, туку ќе го пренасочат бизнисот кон Европа која „прифаќа конкурентност и инвестиција“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments