Според Wall Street Journal, Hewlett-Packard планира нов дизајн за некои од светските најголеми компјутерски центри според кој во некои од нив ќе успее да намали дури 90 отсто од потрошувачката на енергија. Овој дизајн, наречен Project Moonshot, ќе ги замени стандардните микропроцесори кои се користат во серверите со оние процесори кои се употребуваат во паметните телефони.
Мобилните процесори, кој работат на мали батерии, се направени со цел да штедат енергија, така што исклучуваат задачи кои не се важни во моментот, и намалуваат други додека се врти некаде или пак се користи интернетот. Според Пол Сантелер, менаџер во Hewlett-Packard, моментално овој дизајн ќе биде наменет за 50 од светските најголеми онлајн компании, но наскоро многу други ќе го бараат овој дизајн.
Новиот дизајн ќе користи процесори изработени од Calxeda, компанија од Тексас која произведува ARM процесори за сервери. Произведувачите на мобилни процесори имаат предвидено дека овие процесори ќе станат составен дел од серверите, а Hewlett-Packard е првата компјутерска компанија да нуди ваков комерцијален производ. Hewlett-Packard планира да започне да го продава овој дизајн на средина од наредната година, и се’ уште не е одлучено колку всушност ќе чини.
Според Hewlett-Packard, покрај заштедата на енергија, машините ќе заштедат и на пари на недвижности како и на дополнителна опрема. За 400 сервери, со 10 рафтови и 1.600 кабли, кои користат 91 киловати енергија, потребни се 3,3 милиони долари, додека со новиот дизајн тоа би чинело 1,2 милиони долари.