Google најави дека ќе понуди поголема транспарентност за својот систем на рекламирање, и со тоа ќе им се овозможи на корисниците да дознаат зошто одредени реклами им се појавуваат како резултати при пребарување, како и на нивниот Gmail профил.
Со новиот редизајниран Gmail доаѓа и опцијата Why these ads, која може да се најде до секоја реклама која ќе биде прикажана на Gmail или во резултатите при Google пребарување. Со кликање на овој линк, може да се најдат информации за тоа баш таа реклама се има појавено и колку е таа персонализирана. Според блогот на Google, комбинацијата на географска локација, јазик, и разни други индикатори, овозможува да се појават оние реклами кои најмногу одговараат. Со овие реклами, Google сака да им помогне на корисниците што побрзо да го најдат тоа што го бараат.
Корисниците исто така можат да се упатат во опцијата e Ads Preferences Manager и да направат измени со цел да ги подобрат рекламите кои им се појавуваат. Па така, од тука можат да блокираат реклами за кои не се заинтересирани, или пак целосно да го исклучат системот за персонализирани реклами.







