HP ќе користи Android за своите идни мобилни уреди

во Хардвер

Hewlett-Packard ќе влезе во пост-PC eрата со Android. Компанијата сака да го користи оперативниот систем на Google за своите мобилни уреди, пред се за таблет компјутерите. Првиот Android уред на HP ќе биде таблет компјутер кој ќе работи на Nvidia Tegra 4 процесор, велат избори блиски до компанијата за ReadWrite. Процесорот на Nvidia само што беше претставен во јануари и иако ветува одлични перформанси, сепак се уште нема уреди кои го користат. Можеби таблет компјутерот нa HP ќе биде првиот уред со тој процесор.

Одлуката на HP е доста јасна. Иако компанијата е една од водечките хардверски компании, сепак тие мора да станат конкурентни на мобилниот пазар. Откако првиот пат ужасно се сопнаа со својoт WebOS, пологичното решение е да се прифати популарна платформа која веќе има над 800.000 апликации. Како што пишува ReadWrite, HP експериментира со Android уреди уште од 2010-та година, но тоа што мора да направи сега е да се истакне.

„HP се соочува со тежок предизвик за да не претстави уште еден Android таблет компјутер, затоа ќе биде интересно да се види каков софтвер и услуги ќе понуди компанијата за да биде поразлична од конкуренцијата.“

Постои и можност HP да претстави и паметен телефон, но директорката Мег Витман неодамна ја отфрли можноста да видиме нивен телефон оваа година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk