0 коментари 1 мин. читање 14 февруари, 2013

Погледнете го првиот трејлер на комедијата за Google

Студиото Fox го издаде првиот трејлер за филмот „The Internship Movie“. Филмот е комедија за влијанието на интернет и дигиталната ера врз традиционалните компании. Па кога компанијата во која работат Овен Вилсон и Винс Вон ќе биде затворена тие доаѓаат до брилијантна идеја  – „Стажирање во Google“. Интересно, заедно со The Social Network и iJobs ова ќе биде трет голем холивудски филм кој е направен за ИТ гигантите.

Филмот е очигледно откачена комедија за двајца „старци“ во светот на младите и препаметни гикови во Google. За разлика од филмот за Facebook, Internship не претендира реално да ги отслика фактите, туку пред се филмот ќе биде релаксирана летна комедија.  Но, во трејлерот (најверојатно и во филмот) се прикажани некои од иновациите на кои работи компанијата, на пример автономното возило во кампусот на Google.

[youtube]ehJFc1W0VKE[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top