Три мобилни оператори, секој со различни постпејд пакети и тарифи за своите корисници во кои нудат и бесплатни повици со одреден број на минути. Доколку сакате да имате преглед на тоа колку минути имате зборувано, Mobile Network Diary е вистинската aпликација за тоа.
Апликацијата го мери излезниот сообраќај кон секој од операторите и резултатите ги групира по нив. Ова е одлично доколку сте постпејд корисник и сакате да имате преглед колку сте зборувале, без притоа да отварате дополнителни сервиси на интернет. Мobile Network Diary нуди и поставување на лимит кон секој оператор, а по негово надминување ќе бидете известени со нотификација.
Mobile Network Diary го користи веб сервисот на Агенцијата за електронска комуникација (АЕК_ и именикот на корисникот се синхронизира при првото стартување на апликацијата и еднаш месечно. За подобро следење на месечниот сообраќај, може да си изберете сопствен датум кога ви почнува месецот.
*Благодарност до Столе Анастасов што ја сподели оваа апликација со нас, кој воедно е и автор на истата.

Коментари
18 коментари
Коментарите се затворени.