Интернетот го чуваат 14 луѓе со 7 тајни клучеви

во Веб

Интерентoт е конторолиран од 14 луѓе кои чуваат 7 тајни клучеви, пишува Guardian. Не станува збор за вовед во некаква фантастична приказна, туку за членови на ICANN кои се одговорни за доделување на нумерички интернет адреси и нивно поврзување со веб адресите кои ги запишуваме во прелистувачите. Пример, наместо да пишувате 74.125.239.135 секојпат кога сакате да пребарувате на Интернет, вие пишувате Google.com.

Тајноста на овие клучеви е важна, бидејќи доколку некако овие клучеви дојдат во раце на злонамерници, ќе можат да го пренасочат интернет сообраќојот до лажни сајтови, на пример лажни сајтови на банки наместо до безбедните сајтовит за проверка на вистинските банки. ICANN безбедноста на Интернет ја распределува на 7 луѓе кои имаат 7 клуча и 7 луѓе во чии раце се бекап клучеви. Комбинацијата на овие седум клучеви (кои се всушност паметни картички) е единствениот главен клуч за безбеден Интернет. Главниот клуч е компјутерски код, вид лозинка која овозможува пристап до базата на податоци на ICANN.

Луѓето на кои им се доверени клучевите се среќаваат четири пати во годината, а отворањето е „церемонијално“. Се одвива зад повеќе затворени врати во соба во Ел Сегундо, подградие на Лос Анѓелес, од која нема можност на протекување на електронски комуникации, вели Џејмс Бол од Guardian кој имаше ретка можност да присуствува на церимонијата на „отклучување на Интернетот“.

[youtube]b9j-sfP9GUU[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments