Корисниците не се задоволни со Windows 8 и се чини дека голем број од нив се заинтересирани за компјутери кои доаѓаат со Windows 7. Поради овие барања на корисниците, Hewlett Packard се одлучи на корисниците повторно да им ги понудат своите конфигурации со претходната верзија на оперативниот систем, Windows 7.
HP ја започна кампањата под мотото „Windows 7 се врати – заштедете 150 долари при купувањето на новиот PC“. На сајтот на HP сега е достапна нова опција која овозможува на корисниците да ги видат конфигурациите во зависност од оперативните системи. Се разбира за лаптопите и хибридните уреди со екран на допир, HP сè уште нуди Windows 8 оперативен систем.
Без сомневање Microsoft нема да биде задоволен од оваа реклама, уште повеќе бидејќи имаат проблеми да ги убедат своите корисници дека Windows 8 е подобар од претходникот. Се чини дека сепак Windows 8 ќе ја доживее истата судбина како Vista која и покрај тоа што беше понов оперативен систем не успеа да наметне кај корисниците и да го замени Windows XP.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.