Решението е да се искористи облакот, односно фајловите се наоѓаат на интернет и се достапни од секој HP Designjet принтер кој треба да е поврзан со интернет. Дополнителни еPrint & Share овозможува автоматски креирање на .pdf фајлови, како и негово споделување преку облакот.
еPrint & Share е достапно за симнување за сите проектанти.
Во кој смисол предност?? :)
"Преголем недостаток ако е така."
или преголема предност :P
А да, да не заборавам – овој софтвер е компатибилен со секој хардвер (принтер, плотер и сл.) или само со оние на HP?? Колку што можам да разберам од видеото поставено на сајтот на HP вели дека може да се печати од било кој HP designjet printer, а не спомнува дека може и за останатите марки принтери или плотери. Преголем недостаток ако е така.
Гледајќи ги видеата, во второто испаѓа дека повеќе се рекламира I phone :)
А има и една работа што ме буни – што ако се дадат барем 2 истовренени команди за принтање од различно место? Ако пример, на некој архитект од Минхен и на др. негов колега од Лондон(пошто викаат од каде сакаш и кога сакаш) од некоја добро позната архитектонска компанија во светот, им затреба принтање во исто време, односно дадат команда за принтање во исто време, што ќе се случи тогаш???
Веројатно, прво ќе се испринта едното, другото ќе почека, па после ќе се испринта и тоа.
touché :)
Тогаш HP измислуваат топла вода. Ова нешто и во теоријата на мрежи и во праксата го има :) . Едноставно преку интранет мрежа секоја компанија може да си поврзе некаков хардверски уред и на некоја одредена далечина (1-2км теоретски) може секој на којшто ќе му биде одобрен пристап (нешто слично со доделувањето, т.е креирањето на акаунти преку софтверчено на HP) ќе може да го користи тој хардвер.
Што сега HP демек на поголема далечина ќе може?
Мислам дека практично за скоро секоја фирма тоа не е изводливо.:)