Вчера падна уште една аквизација во светот на друштвените мрежи. Имено, HootSuite кој им овозможуваше на корисниците да ги менаџираат своите профили на друштвените мрежи, го купи Seesmic – апликација која, хм… ја врши потполно истата работа.
Како што и сами се нарекуваат, пријателски конкуренти на пазарот, Рајан Холмс, извршниот директор на HootSuite и Лоик ле Мур, основачот на Seesmic, си пружија рака и ја потврдија работата за сега сѐ уште непозната цена.
„Одсекогаш го почитував Лоик ле Мур во улогата која оваа алатка ја имаше и им овозможуваше на корисниците да управуваат со своите профили на друштвените мрежи и среќен сум што можам да ги поздравам сите корисници на Seesmic во фамилијата на HootSuite.“, изјави г. Холмс.
Г. Холмс рече дека ќе продолжат да го поддржуваат Seesmic се додека бизнис корисниците не се префрлат на HootSuite. Бизнис и поактивните корисници се целта на HootSuite бидејќи ќе му помогнат да се искачат на погорниот лева четвртина на графиконот на Twitter партнери.
