Вака ќе изгледа iPhone 5

во Мобилни, Хардвер

iMore oбјави слики како ќе изгледа новиот iPhone 5, кој официјално ќе биде претставен следната среда, на 12.09. Порталот се повикува на бројни извори и други медиуми, и вели дека неговите фотографии се прилично точни кога се работи за изгледот на iPhone 5, кој како и последната генерација на iPad може да биде крстен само како „новиот iPhone“.

Новиот iPhone ќе биде подолг,  новиот екран ќе биде од 4 инчи и со формат 16:9. Покрај ова новиот iPhone ќе има помал пин за адаптерот, метална плочка на задниот дел, но и нов оперативен систем iOS 6. Иако iMore е веродостоен за информации од Apple, дел од корисниците не се убедени дека го гледаат вистинскот iPhonе, најголем дел од нив се надеваат дека Apple сепак ќе има да презентира „уште само една работа“.

Сликата подолу доаѓа од Boy Genius Report, односно од францускиот блог Nowhereelse.fr, кои како и iMore се сигурни дека вака ќе изгледа новиот iPhone 5. На сликата е поставен целосно фабрички склопен iPhone 5 и е спореден со iPhone 4S. Дополнително, Verge пишува дека некои прозводители веќе започнале да произведуваат заштитни маски за iPhone 5, што ги потврдува само димензиите, но не и функционалностите на телефонот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk