Дали YouTube е поважен од телевизијата? Друштвените мрежи и платформите за споделување на видео не само што се користат за популаризирање на идеи, туку се почесто и за најава на политичките планови. Токму YouTube е платформата која ја избра Хилари Клинтон за јавно објавување на својата номинација за претседателски кандидат на Демократите.
„И јас се поготвувам да направам нешто, се кандидирам за претседател! Американците се борат во тешко економско време, но предноста е сè уште е на страна на оние кои се на врвот. Секојдневно на Американците име потребен лидер, и јас сакам да бидам овој лидер. За да може не само да се снаоѓате, туку и да одите напред, но и да останете напред. Кога семејството е силно Америка е силна“, вели Хилари Клинтон во својата објава за кандидатура за претседател на САД.
Видеото дојде веднаш по официјалниот имејл со кој г-ѓа. Клинтон го најави учество во претседателската трка. Малку подоцна објавата дојде и на новата Facebook страна и на Twitter профилот. Обемниот настап на сите популарни друштвени платформи не е изненадување, со оглед на тоа дека Стефани Ханон од Google е советник за технологија, но не треба да се заборави и кампањата на Барак Обама, сегашниот претседател, кој креираше сопствена друштвена мрежа со околу 2 милиони корисници кои го промовираа на своите пријатели. Тогаш советник на г. Обама беше Крис Хјуџис, еден од основачите на Facebook.
I'm running for president. Everyday Americans need a champion, and I want to be that champion. –H https://t.co/w8Hoe1pbtC
— Hillary Clinton (@HillaryClinton) April 12, 2015
Заедно со најавата за учество за камањата, Ренд Пол од Републиканците започна и контра кампања на YouTube, јави Verge.







