0 коментари 1 мин. читање

Aпликација на денот: Gitskarios е добра алтернатива на Github за Android

Gitskarios for Github e Android апликација од Alorma, која привлече интерес од GitHub заедницата откако беше повлечена официјалната Github апликација од Google play. Според дел од корисниците, станува збор за апликација која е подобра од официјалната GitHub апликација.

(Фала до Александар што сподели линк)

Токму ова е и идејата за креирање на Gitkarios односно овозможување на поголема функционалност за корисниците. Апликацијата овозможува проверка на Github складиштата, Github проекти, корисниците кои ги следите, корисниците кои ве следат, омилените складишта и куп други функции, велат девелоперите. Апликацијата е бесплатна, а минималната верзија на Android која е потребна за Gitskarios fo Github е 4.0.3. Апликацијата е со отворен код, а сите кои сакаат да допринесат во понатамошниот развој, можат да го преземат од Github.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top