Мини и микро компјутерите се единствен дел од компјутерската индустрија кој забележува раст последниве неколку години. Можеби поради ова воопшто не треба да нѐ изненадува се поголемиот број на производители кои се обидуваат да го освојат пазарот.
HiKey 960 од Huawei е најновиот мини компјутер кој ќе се обиде да го освои пазарот. Мини-компјутерот доаѓа со Kirin 960 чип. Станува збор за осум-јадрен процесор (2х4 јадра). Kirin 960 доаѓа со 4 моќни Cortex-A73 јадра, и 4 штедливи Cortex-A53 јадра. Компанијата истиот процесор го користи во дел од своите телефони. Дополнително на плочката има 3 GB LPDDR4 RAM. Графичкиот процесор Mali G71 е доволно моќен за репродукција на 4К-резолуција. За жал HDMI портата поддржува единствено 1080р. Уредот доаѓа со флеш диск со капацитет од 32 GB, и можност за проширување со SSD, јави Verge.
Разликата во цената на HiKey 960 и Raspberry Pi е огромна. Уредот на Huawei чини 240 долари. Испораката во Европа започнува во мај.