Фудбалските стадиони ретко кога воведуваат новитети. Fifa и Uefa долго размислуваат за гол технологија, технологија за офсајд и слично, но досега нема промени. Финалето на Лигата на шампионите сепак ќе има нова технологија, иако не на теренот.
Полицијата ќе користи препознавање на ликови на фановите кои доаѓаат на стадионот. Властите и полицијата во Кардиф, каде се игра финалето ќе ги споредуваат посетителите со 500.000 лица oд интерес од нивната база, јави Motherboard. Системот ќе биде поставен на и околу стадионот, но и на локации во градот, како железничката станица и во самиот центар.
Властите прогнозираат дека градот ќе го посетат 170.000 вљубеници во фудбалот. Софтверот ќе ги скенира сите, заедно со локалните жители и ќе ги спореди со сликите од базата.
Ова секако е сериозно нарушување на приватносто на граѓаните. Експертите се повеќе загрижени дека ова би можело да постане пракса на полицијата. Поголем проблем е недостатокот од транспарентност, па никој не знае како и каде ќе бидат чувани овие слики потоа.
Една од причините за оваа екстремна мерка е терористичкиот напад врз автобус на фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд, во кој е повреден еден од фудбалерите.