Властите споделуваат пропаганда на друштвените мрежи, тврди Facebook

Властите на некои држави нè користат за споделување на пропаганда, тврди најголемата друштвена мрежа, Facebook. Дека не се влијае единствено на помали држави показател е и присуството на САД и Франција на листата. Иако од друштвената мрежа нема податоци за тоа кој се обидува да влијае, за влијанието на изборите во овие држави е обвинета Русија.

Властите имаат куп софистицирани методи, а за добар дел од нив и досега беа обвинувани единствено властите во Русија. Податоците кои ги сподели друштвената мрежа покажуваат дека за влијание се користат трол фарми, ширење на вести, лажни тврдења за спроведување на геополитички цели.

Мерките кои се користат се: ширење на недоверба во институциите; собирање на податоци; и засилување на одредени политички погледи, јави Guardian. И креирањето на лажни профили, споделување на полуточни или неточни податоци се дел од специјалната онлајн војна.

„Во денешната информациска средина, друштвените мрежи имаат значајна улога во користењето на комуникации; не само во општествени настани – како избори, туку и во секојдневието. Во некои услови препознаваме дека злонамерници можеби ја користат нашата мрежа и за да споделат неавтентична комуникација“.

Истовремено друштвената мрежа сподели податоци во кои се гледаат барањата на властите во некои држави за откривање на идентитетот на корисниците. Најголемата друштвена мрежа забележува раст на барањеата на властите за податоци на корисниците во споредба со 2016 година. Во апсолутна бројка порастот е од 59.229 на 64.279 барања. Најголем дел од овие податоци доаѓаат од САД, 26.104, а во 83% случаи друштвената мрежа ги споделила податоците.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments