0 коментари 1 мин. читање 3 декември, 2013

Hide All на Facebook ќе биде заменето со Unfollow

Facebook наскоро ќе воведе нова опција unfollow со која на корисниците ќе им овзможи поинаков начин за филтрирање на содржината, јавува TechCrunch. Функцијата на unfollow ќе биде идентична на досегашната hide all која досега овозможуваше спас од страните кои буквално спамираа неинтересни понуди на друштвените мрежа. Опцијата ќе се наоѓа до копчето „Ми се допаѓа“ и покажува дали следите некого. Follow останува иста како досега, односно ќе може да ги видите јавните постови на корисникот, иако не сте пријатели.

Промената, овој пат само по именувањето, повторно го приближува Facebook до микроблогот откако пред некој месец додаде хаш-тагови кои корисниците можат да ги додадат во своите постови.

„Целта во промената е да се промени налинот на кој луѓето ги добиваат вестите во News Feed на Facebook, а со ова и да добијат повеќе содржини кои им се интересни.“, вели портпаролот на Facebook.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top