Неколку статистики кои мора да ги знаете за поголема интеракција на Facebook

Стартапот за споделување содржина на друштвените мрежи, Buffer, објави нови интeресни статистики за интеракција на Facebook кои мора да ги знаете ако сакате да имате успешна кампања. Ако сте менаџер на друштвени профили, или компанија која сака директна комуникација со своите корисници, тогаш овие статистики ќе ви помогнат да ги разберете корисничките навики и да привлечете повеќе лајкови и коментари. Првиот совет е да користите фотографии. Постовите кои имаат фотографии имаат 39 отсто повеќе интеракција или детално, фотографиите имаат 53 отсто повеќе лајкови, 104 отсто повеќе коментари и 94 отсто повеќе кликови од текстуалните постови. А албумите со фотографии привлекуваат дури 180 отсто повеќе интерес.

Се чини дека Twitter е на вистински траг кога станува збор за должината на постовите. Кусите постови се далеку попопуларни од долгите, поточно постовите од 0-70 карактери се најпопуларни. Интересно, но се чини дека користењето на емотикони исто така ја зголемува популарноста на постовите за дури 33 отсто, а најдобри денови за собирање корисници се четврток и петок, кога се 18 отсто поактивни од останатите денови.

Што се однесува за компаниите кои ги нудат своите производи на друштвените мрежи, можат да се надеваат на поголем број на „следачи“ доколку организираат натпревари или доколку учеството на страната е некаков попуст. Дури на 35 отсто од корисниците на Facebook им „се допаѓа“ некоја страна поради натпреварите, а дури 42 отсто притискаат „ми се допаѓа“ на некоја страна поради поволностите за купување на некои продукти кои ги нуди страната.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments