0 коментари 3 мин. читање 3 декември, 2013

Српскиот IndieVoic.es е нов краудфандинг сервис за независните медиуми во земји во развој

IndieVoic.es е платформа која претендира да постане своевиден Kickstarter или Indiegogo за малите независни медиуми од државите кои се во развој. IndieVoic.es е идеја на Саша Вучиниќ, поранешниот директор на српска телевизија Б92 и основач на Media Development Loan Fund, преку кој успеа да собере 120 милиони долари за развој на медиуми. Целта на проектот не е само подршка на медиумите со активно вклучување на публиката, туку и демократизација на истите, вели во интервју за Netokracija основачот на платформата.

Финансирањето со краудсорсинг ќе овозможува заинтересираните идни корисници на медиумите да можат да инвестираат во нив без разлика каде во светот се наоѓаат. Наградите за донациите се најразлични, од разгледници на локациите каде се отвора медиумот до вечера со уредниците, а досега е прифатена и понуда за вечера со премиерот на Тајланд, или вметнување на името на донаторот во кодот на веб страната со што тој би станал бесмртен.

[youtube]18r6nchs91E[/youtube]

Покрај кампањите кои се по теркот на воспоставените краудсорсинг сервиси, IndiVoic.es, ќе ги финансира медиумите и со кредити. Кредите ќе бидат без камата, а за помалите медиуми ќе бидат достапни и мини кредити. Секој медиум кој со содржините кој ги создава и дистрибуира „е дел од екосистем на заедница која ја прави побогата, поразноврсна, поинтелегентна, поквалитетна, пообразована и поинаква“, и е охрабрен да го користи IndieVoic.es. Кандидати за кредитирање и кампањи се сите медиуми, од медиуми кој нудат истражувачко новинарство како услуга, локални радио станици, па се до специјализирани блогови.

„Наш императив е до 01.01.2016 компанијата да не прави загуби и да биде на оперативна нула. Ако имаме поголем профит од предвиденото со бизнис планот, тогаш е логични ќе ги намалиме цените. Значи поскапи затоа што сме помали и сè уште сме на почеток“, вели г. Вучиниќ.

[youtube]kyiM-uPkf1c[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top