Зелено светло за купување на ОТЕ

во ИТ.МК

{mosimage}Европската Комисија денеска му даде зелено светло на Дојче Телеком за откупување на грчкиот телекомуникациски оператор ОТЕ. Грчката влада, која поседува 28% удел во ОТЕ, се очекува да му продаде 3% дел на германскиот телеком за цена од 442.3 милиони евра.

"Комисијата одлучи дека оваа трансакција нема значајно да влијае на конкуренцијата во Европската економска зона (EEA) ниту пак во другите делови од Европа" изјавија во соопштението членови на ЕК и покрај фактот што германскиот гигант активно е проширен во повеќе од 50 земји во светот.

Тоа би значело дека е можен монопол во Македонија, каде според регулативите на ЕУ, комисијата пронајде несогласности во пазарот каде што Дојче Телеком преку унгарскиот Маѓар Телеком има сопственички удел во
Македонски Телеком (Т-хоум Македонија) и нивната фирма-ќерка Т-мобиле Македонија (поранешен Мобимак), а ОТЕ преку својата групација Космоте го поседува операторот Космофон. Ист таков можен конлфикт на интереси можеби ќе се пронајде и во Романија каде што дополнително треба да се истражат потенцијалните конфликти во пазарот за изнајмување на фиксни линии.

{mosimage}

Македонската Комисија за заштита на конкуренцијата која имаше и средба со претставници на ДТ, веќе неколку пати најави дека активно го следи овој случај и ќе се пронајде соодветно решение за да се запре враќањето на монополот на македонскиот телекомуникациски пазар.

Најверојатно проблемот ќе се разреши со продавање на операторот Космофон на групација која не е дел од германскиот телеком. Во јавноста сеуште кружат шпекулациите дека за купување на Космофон кој има проценета вредност на околу 300 милиони евра, заинтересирани се австриски Мобилком, сопственик на операторот ВИП и Телеком Словенија, сопственик на Он.нет.

Извршниот директор на Дојче Телеком, Rene Obermann, за одлуката на Европската Комисија изјави:

"Ова се многу добри вести. Зеленото светло од Европската Унија е многу важен дел на нашиот пат за заедничка соработка со стратегиските партнери. OTE и Дојче Телеком ќе ги комбинираат своите експертизи за да понудат на своите потрошувачи иновативни продукти и услуги."

ДТ моментално поседува 20% удел во OTE, а додатно на откупувањето на акции од грчката влада исто така планира да откупи и акции преку берзата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments