4 коментари 2 мин. читање

Hewlett-Packard ја купува софтверската компанија Autonomy за 10,3 милијарди долари

Hewlett-Packard планира да ја купи софтверската компанија Autonomy Corp за 10,3 милијарди долари, понуда која е 64% над пазарната вредност на компанијата, пренесува Bloomberg. Овој потег ќе преставува голема преструктурирање на компанијата која планира да се дистанцира од пазарот за хардвер и да се фокусира на производство на софтвер.

Причина за дистанцирањето од производството на хадрвер е тоа што на глобално ниво опаѓа побарувачката за персонални компјутери, додека потрошувачите се сè повеќе заинтересирани за iPad и другите таблет компјутери. HP пред само неколку дена ги изненади сите откажувајќи се од својот webOS оперативен систем за таблет компјутерите и ја спушти цената на TouchPad. Главната причина се наведува слабата продажба на таблет компјутерот, споредено со конкурeнтните Apple и Android уреди.

Autonomy Corp e британска софтверска компанија лоцирана во Кембриџ, која ќе им донесе на Hewlett-Packard софтвер кој пребарува широк спектар на податоци, вклучувајќи е-пораки, музика, видео, како и постови на друштвените мрежи како што е Facebook. Autonomy е лидер во неструктурирани податоци, податоци кои не се во Word документи и табеларни пресметки, и е втора по големина софтверска компанија во Велика Британија. Autonomy им нуди на своите клиенти програми кои се користат во пребарување на база на податоци. Дел од нивните клиенти се Coca Cola Co и Nestle SA.

Hewlett-Packard откако најави дека ќе престане со производство на паметни телефони и таблет компјутери доживеа пад од 6% на своите акции, во овој пад придонесе и слабата продажба на персонални компјутери. Според последните финансиски извештаи, компанијата ја нема задоволено очекуваната заработувачка.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top