0 коментари 2 мин. читање 22 август, 2011

Се спрема Закон за стари компјутери

Владата го одобри, и сега е ред на Собранието да го прифати Предлог-Законот за управување со отпадна електрична и електронска опрема, односно оваа регулатива ќе треба да се справи со е-отпадот, со старите и неупотребливи компјутери, телевизори, шпорети…

Според проценките на Министерството за животна средина, во 2009-та се генерирани околу 12.000 тони отпад од електрична и електронска опрема, и според проценките за 5 години овој отпад ќе се зголеми за 16-18 отсто, а за 12 години ќе биде двојно зголемен.

Со Предлог-Законот (кој може да го читнете подолу) властите ќе се обидат да го намалат волуменот на e-отпад со:

  • информирање на граѓаните и компаниите како да се справат со него;
  • рециклирање и унапредување на стандардите на заштита на животната средина;
  • забрана на токсични супстанци и унапредено справување со нив;
  • правилно означување на опремата со цел да се собира одделено од несортираниот комунален отпад;
  • креирање и развој на пазар за повторни употреби и преработки.

Законот е изработен во билатералната соработка со Република Словенија и е во рамките на националната програма за усогласување со правото на Европската Унија, со што се врши усогласување со директивата за отпадна електрична и електронска опрема.

Предлог-закон за управување со електрична и електронска опрема

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}