Hero 4 Session е најмалата камера на GoPro до сега

GoPro започна со продажбата на новата камера GoPro Hero4 Session. Најновиот член на „фамилијата“ е помал од останатите камери на GoPro и претставува нова насока во дизајн на камерите, барем кога се авантуристичките камери на GoPro во прашање.

За разлика од останати камери кои се коцкасти, Session е вистинска коцка со многу посимпатичен дизајн. Иако помала од останатите квалитетот не заостанува премногу. Session може да снима видео со квалитет 1080р со 60fps, но и 1440р при 30 fps (4:3), 720р при 100 fps. Камерата нема можност за 4К видео, но може да фотографира 8МР или 5МР фотографии. Покрај малата димензија камерата овозможува подводно снимање до длабочина од 10 метри. Иако не изгледа можно во камерата е најден простор за microSD картичка и microUSB приклучок.

Покрај главниот недостаток снимање на 4К видео, останатите недостатоци доаѓаат поради помалите димензии на камерата, фонтот е помал, нема можност за команден дисплеј, но и помал капацитет на батеријата. Дел од овие недостатоци се надминуваат со мобилната апликација, а сепак најголемата прeдност на помала камера се повеќето можност за нејзино поставување, вели Engadget во својата рецензија.

„Отстранувањето на куќиштето решава друг проблем кој го имаат GoPro камерите: аудио. Session доаѓа со два микрофони – преден и заден – алгоритам ги менува во зависност дали има потреба од намалување на звукот предизвикан од ветерот. Микрофоните никогаш не се пригушени и направени се за брзо истекување на течноста, па аудио е одлично дури и кога камерата ја вадите од вода“, вели Verge.

Сепак можеби најголемиот недостаток на GoPro Hero4 Session е високата цена од 400 долари. Моделот чини исто колку и Hero 4 Silver, но Silver доаѓа со можност за 4K видео и тач дисплеј.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments