Грчките стартапи се отсечени од облакот поради кризата

Грчките стартапи започнуваат да ги чувствуваат последиците на грчката финансиска криза. Овојпат не станува збор за недостиг од финансиски средства туку проблеми со исплатата на облак сервисите. Како и секаде, новите компании користат услуги од сервиси во облакот кои често се поевтини, што е од круцијално значење за компании што се во раните почетоци. Но, поради економската криза и поради мерките за штедење, е блокирана исплата со картички, како и банкарски трансакции надвор од Грција. Со оглед на тоа дека најголем дел од облак сервисите се во САД, грчките основачи и сопственици се принудени да побараат одложување на исплатата.

Проблемите се речиси ексклузивни за стартапите кои немаат средства надовор од Грција, па поради ова нема да можат да искористат некои од приходите генерирани во странство за да ги покријат своите долгови. „Доколку работите единствено во Грција и генерирате приход единствено во државата, тогаш е навистина тешко да ги надминете овие проблеми“, вели Ник Драндакис основач на Taxibeat за Fast Company.

Простор за нови можности?

Но, како и секоја криза се отвараат нови можности, посебно ако сакате да влезете на грчкиот пазар од надвор. Добар пример е хрватскиот стартап BSpend кој го постави првиот биткоин автомат во Грција. Токму кризата беше одлучна за поставување на Coin ATM во оваа држава.

„Тамошната ситуација во моментов е многу репресивна, наметнати се финансиски ограничувања, па практично не може да се извадат пари надвор од земјата. Биткоин тука служи како технологија која може да му овозможи на секој слободно да располага со сопствените пари. Откако го поставивме автоматот интересот е огромен, прометот расте, а медиумската покриеност е одлична“, вели Ведран Кајиќ од BSpend за Netokracija.

Можеби токму крипто-валутите се решение и за стартапите и можност за исплата на своите долгови во странство, се разбира доколку облак-сервисите кои ги нудат услугите прифаќаат биткоини и останати крипто валути за уплата. Што се однесува пак до BSpend компанијата најавува дека разгледува можност за поставување на нови автомати во туристичките места во Хрватска, први градови во кои би можело да се очекуваат се Риека, Сплит и Дубровник.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments