Хелсиншки комитет ќе ги претстави видеоигрите кои се дел од нивниот проект

0 коментари 1 мин. читање

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија овој викенд ќе ги презентира видеоигрите изработени со проектот „Поддршка на граѓанското општество во креирање политики за социјална кохезија и различности”.

По завршувањето на проектот креирани се две видеоигри. Игрите треба да помогнат за покренување на свесноста кај младите за проблемите и потребите на лицата во инвалидски колички, како и потребата за разбирање на различностите и поттикнување на меѓуетничката толеранција.

Освен презентацијата на игри, настанот е посветен на децата, па предвидени се и играње на видеоигри, дружење со извидници и боење.  Проектот „Поддршка на граѓанското општество во креирање политики за социјална кохезија и различности“ е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Презентацијата е закажана за недела, 9 април во Јавна соба, настанот започнува од 11 часот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед