0 коментари 2 мин. читање 4 април, 2017

Tesla сега е највредниот производител на возила во САД, по General Motors

Tesla, компанија која постои околу 14 години, го помина Ford според својата вредност. Производителот на Model S е проценет на 47 милијарди долари, а Ford на 45 милијарди долари.

Повисоката проекција за Tesla се должи на поголемата подготвеност на пазарот за електрични возила. Инаку кога обемот на продажба е во прашање, проценките се на страна на Ford. Компанијата оваа година ќе продаде околу 6 милиони возила, а според аналитичарите Tesla ќе продаде околу 200.000, јави Wall Street Journal.

Со новата верзија на Model S, Tesla треба дополнително да го зголеми своето учество кај електричните возила. Компанијата и досега е најголем продавач, но со полуксузно возило од 35.000 долари, компанијата ќе им понуди достапно возило на поголем број купувачи.

Интересно, барем засега двете компании своите почетоци им ги должат на едно возило. За Ford тоа е Model T, а за Tesla првото достапно електрично возило Model S. Двете компании работат на автономни возила, иако Tesla веќе има презентирано решение. Ford најави дека до 2021 година ќе започне со продажба на возила со петто ниво на автономија.

Прва компанија на листата на производители во САД се General Motors чија вредност се проценува на околу 54 милијарди долари. На светско ниво лидер е Toyota.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top