Hello Stranger – Интерактивен психолошки хорор

Hello Stranger се појавува како свеж наслов во жанрот на FMV (Full-Motion Video) психолошки хорор-трилери. Создадена од Пол Рашид, познат по своите дела во интерактивната филмска индустрија, оваа игра ве става во улога на нем набљудувач, но активен учесник чии одлуки директно ја кројат судбината на главниот лик.

Роб на технологијата

Протагонистот Кам е човек чиј живот речиси целосно се одвива во рамките на неговиот високотехнолошки паметен дом. Од работа и шопинг до забава и социјализација, сè е автоматизирано и достапно преку неговите екрани. Неговата примарна социјална интеракција се случува преку платформата Hello Stranger, апликација за видео разговор со случајно избрани соговорници. Идилата на дигиталната удобност нагло се прекинува кога Кам ќе наиде на мистериозен соговорник со маска и изменет глас. По краткиот и вознемирувачки разговор, Кам открива дека неговиот паметен дом е хакиран, а тој е заклучен внатре. Непознатиот напаѓач го принудува да учествува во три морбидни игри, каде што победата значи живот, а секој погрешен избор може да доведе до трагичен крај. Играта вешто ги користи современите стравови од дигитална изолација, надзор и ранливоста на паметната технологија.

Тежината на изборот

Како FMV наслов, Hello Stranger се потпира на видео секвенци со вистински актери. Интерактивноста произлегува од механиките базирани на избор, каде играчот во клучни моменти одлучува кои да се идните потези на Кам. Овие избори водат до разгранување на приказната, нудејќи вкупно десет уникатни завршетоци. За да се прилагоди на различните стилови на играње, Hello Stranger нуди два главни наративни режими. Кино режимот е поблиску до интерактивно филмско искуство, со ограничен број на мини-игри и фокус на донесување одлуки кои ја движат приказната. Game режимот, од друга страна, обезбедува целосно FMV гејминг искуство, со пристап до сите 16 мини-игри кои вклучуваат различни гејмплеј системи, тестирајќи ги рефлексите и способноста за решавање проблеми на играчот. Во поглед на донесување одлуки, постојат и два засебни режими каде имате ограничено време за да донесете одлука или пак времето целосно се паузира, како би можеле натенане да размислите што-како.

Продукциските вредности на Hello Stranger се на високо ниво, што е очекувано со оглед на искуството на режисерот Пол Рашид, чии претходни FMV остварувања како The Complex, Five Dates, Ten Dates и The Gallery. Сите овие наслови се добро прифатени. Играта може да се пофали со импресивна актерска екипа, вклучувајќи ги Џорџ Благден (Vikings), Дени Грифин (Fate: The Winx Saga), Кристина Волф (FBI: International), Лора Витмор (Queenie), Кулвиндер Гир (Goodness Gracious Me), младата ѕвезда Јасмин Фини (Heartstopper) и легендарниот Дерек Џејкоби (Gladiator). Нивните изведби додаваат длабочина и кредибилитет на ликовите и напнатата атмосфера.

Hello Stranger беше претставена на неколку филмски и гејминг фестивали, вклучувајќи ги Dinard Film Festival, Red Sea Film Festival и London Games Festival, каде што наиде на позитивни првични реакции. Интригантниот концепт, квалитетната продукција и силните актерски изведби се дефинитивно за пофалба. Сепак, во втората половина може да забележите дека длабочината на наративот и вистинското влијание на одредени одлуки понекогаш може да делуваат површно. Исто така, дел од мини-игрите делуваат поедноставни и можат да ја нарушат имерзијата наместо да ја зголемат тензијата.

И покрај овие забелешки, вредноста за повторно играње не е за потценување. Со десет различни завршетоци, мноштво наративни патеки и 16 мини-игри распоредени низ повеќе од четири часа снимен материјал, охрабрени сте повеќепати да се навратите на играта за да ги истражите сите можни исходи и целосно да ја разберете комплексноста на приказната.

Hello Stranger е амбициозен обид да се спојат филмот и играта во кохерентно и напнато искуство. Иако можеби не ги достигнува сите свои наративни потенцијали во секој аспект, таа нуди доволно интрига, квалитетна глума и интерактивност за да ги привлече љубителите на FMV жанрот, психолошките хорори и игрите каде што изборите навистина имаат тежина. Доколку сте подготвени да ја преземете одговорноста за судбината на Кам и да се соочите со последиците од вашите одлуки, Hello Stranger нуди уникатно и возбудливо патување низ мрачните ходници на еден паметен дом претворен во затвор.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk