Hawken за PC згаснува и се повлекува од Steam

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

По прв пат најавена уште во 2011 година, Hawken беше воспеана како една од најдобрите mech игри, но оригиналните креатори, Meteor Entertainment, кренаа раце од неа на почетокот на 2014 година, за да развојот се префрли на Reloaded Games. До ден-денес, играта функционираше во бесплатна-за-играње форма, но малкумина ја играа. Само претходниот месец, просечниот број на играчи беше сведен на 86. Токму поради тоа, воопшто не изненадува следнава изјава:

„По 3 одлични години, ги згаснуваме PC серверите на Steam и ги ре фокусираме нашите девелоперски залагања. PC играта официјално ќе биде отстранета на 2.јануари 2018 година, а сите DLC-а и платежни содржини нема да бидат достапни од овој момент.“

Само во април годинава, студиото зацрта и обелодени планови за содржителни надополнувања за PC верзијата, но од мај наваму, таквото нешто се испорачуваше во форма на трошки кои само ја иритираа и онака малата база фанови.

„Ни беше особено задоволство да работиме со база од PC играчи кои се толку посветени (на играта). Вашите повратни информации и поддршка нѝ беа од непроценливо значење и тимот се радува на создавање други одлични игри кои ќе се засновани на она што го научивме од вас.“

Вакватите реченици тешко се читаат доколку имате финансиска инвестиција во играта и едноставно знаете дека никогаш повеќе не можете да ѝ се вратите.

PS4 и Xbox One верзиите, кои излегоа во јули.2016 година и понатаму остануваат во функција. Барем, за сега. Од студиото не ги наведуваат причините поради кои PC верзијата се носи на бесилка, но претпоставуваме дека малиот број играчи зборува волумени за таквото нешто.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments