3 причини зошто сега треба да ја проверите Warhammer 40,000: Darktide

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Развојното студио Fatshark има многу вложено во Warhammer 40,000: Darktide. Од ноември 2022 година, па се до сега, PC верзијата доби девет садржајни надополнувања и над 25 закрпи. Десетото клучно надополнување се поклопува со излегувањето на соодветна верзија и за конзолата PS5/Pro. Во оваа прилика разговараме за тоа зошто е сега одлично време да ја проверите Warhammer 40,000: Darktide!

Причина #1: Детален свет со комплексни борбени механики

Warhammer 40,000: Darktide е брутален тактички ко-оп шутер каде фокусот е на адреналинска акција. Од тимот кој беше задолжен за релативно успешните Vermindite игри, ни доаѓа игра која е механички доста слична. Имено, и понатаму имате за задача сами или со заеднички сили да се соочите на легија од непријатели. Овојпат, тоа го правите во целосно ново опкружување и со забавна ревитализација на клучните елементи.

Приказната во Warhammer 40,000: Darktide не е во фокус, но ја има доволно за да ве вовлече во богатиот свет на Warhammer. Хаосот се заканува целосно да го голтне градот Тертиум. Вашата задача е да се спротивставите на новите непријатели и да го извлечете светот од мрачната судбина. Ова го правите така што играте со најразлични ликови, користите арсенал од импресивни студени и огнени оружја и масакрирате непријатели. Многу непријатели, цела легија од нив!

Истиот систем со ладни оружја кој беше препознатлив во Vermintide го имате и тука, само надграден и прошаран со огнени оружја. Независно од тоа, се работи за еден од најзадоволителните системи за лични пресметки. Секој замав и удар е засебен визуелен и аудио спектакал, пружајќи на играчите неспоредлива сатисфакција. Ова е двојно вистинито кога користите огнени оружја. Неспоредливо е чувството кога по првпат ќе видите како проектилите ги решетаат непријателите или пак кога ќе чуете како пишти месото под притисокот на неуморливите ласери.

Иако играта делува значително позабавна со пријатели, без проблем ќе можете и сами да ги искусите бројните мисии. Имајте во предвид, меѓутоа, дека самостојното играње е значително попредизвикувачко, до тој степен да не поминавме многу во играта за да бидеме „охрабрени“ да ја намалиме тежината. За поимерзивно и повпечатливо искуство, имате на располагање неколку класи. Секоја од класите се одликува со уникатни способности, со што строго се препорачува експериментирање и одново преигрување на мапите.

Причина #2: Игра која постојано се надополнува

Како што споменавме, последните две години бележат девет исклучително квалитетни надополнувања, проширувајќи го бројот на мапите, мисиите и оружјата, како и воведувајќи свежи модови за уште позабавно искуство.

Најновото, десетто надополнување ќе излезе на 3 декември за сите платформи (PC, Xbox Series X|S и PlayStation 5). Насловено како Grim Protocols, надополнувањето ќе воведе нов режим на играње, нова мисија, нови оружја, посебен настан кој е замислен да ја одбележи втората годишнина на играта, како и бројни исправки.

Havok е името на новиот режим

Како ново end-game искуство, Havok ќе ја тестира вашата истрајност така што ќе ве соочи со поголеми предизвици, но и нови козметички награди. Новата мисија, која се вика Dark Communion, ќе ве врати на препознатливото место Carnival и ќе ви дозволи да си ги одмерите силите со мрачни култисти. Во сево ова, ќе ви помогнат трите нови оружја, нови предизвици, нови награди и, секако специјалниот настан кој ќе ги награди сите играчи со уникатен украс за оружјата.

Причина #3: PS5 верзија која е дополнително оптимизирана за PRO конзолата

Иако PS5 верзијата на Warhammer 40,000: Darktide излегува на 3 декември, сите што предвреме ја нарачале царската едиција ќе може да започнат со играње шест дена порано. Оваа издание чини 60 евра, но доаѓа со неколку козметички работи, како и 2500 aquailas – премиум валутата со која можете да купувате дополнителни работи преку продавницата. Основната верзија е 20 евра поевтина.

Зошто да ја играте Warhammer 40,000: Darktide на PS?

Развојното студио се има потрудено да понуди верзија која е одлично оптимизирана и за основната и за професионалната конзола на Sony. Играта поддржува 60FPS на 1440p резолуција, оносно 30FPS на 4K resolution на основната конзола, или 60FPS на 4K резолуција на PS5 PRO.

Независно од конзолата, играта има поддршка за DualSense Haptic Feedback. По неколку дневно тестирање, можеме да потврдиме дека DualSense контролерот значително допринесува до позабавно искуство. Ја имаме играно играта на PC со контролерот на Microsoft, но разликата е огромна.

Поради овие три клучни причини, сметаме дека сега е одлично време да ја проверите или да ѝ се вратите на играта. Новото надополнување ќе се погрижи да имате што да работите. Доколку никогаш не сте ја играле Warhammer 40,000: Darktide тогаш и тоа како имате пропуштено со десетте надополнувања.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Fatshark
  • Издава: Fatshark
  • Жанр: FPS акција
  • Платформа: PC, конзоли
  • Излезе на: 3 декември 2024, за PS5

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk