Хардвер новости од минатата недела: Nvidia RTX 3050, Core i9-12900HK е побрз од М1 Max, Elite Dragonfly G3

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

По две недели по ред со куп хардвер, оваа недела едвај да имаме нешто интересно. Најинтересните две вести се поврзани со две парчиња хардвер кои имаа први рецензии оваа недела: Nvidia RTX 3050 и Intel Core i9-12900HK.

Nvidia RTX 3050

По ужасните рецензии кои ги доби Radeon RX 6500XT минатата недела, беше речиси извесно дека Nvidia нема да успее да го повтори „успехот“ на AMD. Двете картички требаa да понудат поевтино решение за корисниците кои не се „зависници“ од најдобрите перформанси. RX 6500XT во овој обид не успеа да импресионира никого, а сега се достапни и првите рецензии на новата картичка од Nvidia.

Перформансите на картичката и не се лоши, ама за жал не може да ја најдете. Дополнително, моделите од 250 долари не се достапни никаде, а веќе излегоа модели кои се продаваат за 330, па и 490 долари. Ова се картички кои се фабрички оверклокувани од производителот, но цената за картичката која требаше да биде буџет модел, е претерано висока.

Втор проблем е што ако помисливте дека во 2022 буџет моделот значи 1440p резолуција, се излажавте. Буџет е 1080р и картичката во најголем дел нема проблем при оваа резолуција, но не може да ги постигне перформансите на GTX 1070, а оваа картичка излезе во 2016 година. Предност на RTX 3050 би требало да биде „ray tracing“, ама за да ги задржи перформансите резолуцијата мора да се намали на 720р, a нагодувањата на „high“ и „ultra“ може слободно да ги заборавите.

Картичката денес може да е ок надградба за сопствениците на GTX 1060 или Radeon RX 580, ама и тука е прашање колкава е цената до која оваа надградба има смисол. Препродавачи веќе ја продаваат картичката за луди цени. На eBay цената се движи од 743 долари (Zotac Twin Edge) до 2026 долари (Palit StormX) пишува TomsHardware.

Перформансите на картичката за различни игри може да ги погледнете на ArsTechnica.

Core i9-12900HK е побрз од М1 Max

Да бидам искрен не ми се веруваше премногу кога Intel објави дека i9-12900HK ќе биде најбрз процесор за лаптоп. Вообичаено потврдите на овие изјави доаѓаат со листи на тестови, па потоа на некои тестови еден процесор е побрз, на други друг. Овојпат, процесорот на Intel навистина е побрз на сите бенчмарк тестови, и тоа на некој од нив има дури и 30 отсто подобри перформанси.

https://www.intel.com/content/www/us/en/products/sku/132215/intel-core-i912900hk-processor-24m-cache-up-to-5-00-ghz/specifications.html

На Geekbench 5 тестот Core i9-12900HK има 3% подобри перформанси на едно јадро и 6% на мулти-јадрени тестови. На тестовите на Handbrake резултатите се речиси идентични, но Intel чипот има мала предност (1%). Најзабележителна разлика има кај „Cinebench R23“-мултијадрениот тест на кој процесорот од Intel има дури 30% подобри перформанси.

Перформансите кажуваат дел од оваа приказна. Втора важна карактеристика на процесорите за лаптоп и ноутбук компјутерите е ефикасноста на процесорот и колку енергија е потребна за овие перформанси.

На овој „тест“ M1 Max на Apple е во значителна предност. Intel i9-12900HK има моќност од 45W и максимална моќност од 115W. Apple не ја споделува моќноста на M1 Max, но мерењата на Tomshardware и AnandTech покажуваат дека M1 Max на тестовите на Cinebench покажале 34W, а за истиот тест мерењата на процесорот на Intel покажуваат 94W.

„Круната“ за перформансите без сомневање се враќа кај Intel, но штедливоста на процесорот останува кај Apple. Веројатно на крај останува прашањето што е поважно, малку подобри перформанси или подолго време за работа. Секако, не може да заборавиме и дека уредите на Apple се поскапи од конкуренцијата.

HP Elite Dragonfly G3

На почетокот на јануари, HP претстави нова надградба на Elite Dragonfly серијата лаптоп компјутери. Оваа недела пристигнаа и првите прегледи на лаптопот, а во поширока продажба лаптопот доаѓа во март.

Најлесно забележлива разлика на новиот компјутер е 3:2 екранот со резолуција 1920х1280px. Надградба има и кај хардверот. Новиот Elite Dragonfly G3 доаѓа со последната 12-та генерација на Intel процесори; 32 GB RAM; и 2TB слободен простор. Дел од промените се и додавање на USB-C од двете страни, и поместување на копчето за вклучување и исклучување, да биде дел од тастатурата. Лесно забележлива, но корисна разлика, според прегледот на Verge се и копчињата на тастатурата кои сега се поголеми.

Со новиот модел Dragonfly G3 се збогува и со хибридниот дизајн, па сега е стандарден лаптоп, и не може да се користи како 2-во-1 лаптоп/таблет хибрид.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Што се дискутира на ИТ форум...Kоментари на статија (0)

Loading new replies...

По две недели по ред со куп хардвер, оваа недела едвај да имаме нешто интересно. Најинтересните две вести се поврзани со две парчиња хардвер кои имаа први рецензии оваа недела: Nvidia RTX 3050 и Intel Core i9-12900HK.

  • Nvidia RTX 3050
  • Core i9-12900HK е побрз од М1 Max
  • HP Elite Dragonfly G3

Прочитај повеќе @ Хардвер новости од минатата недела: Nvidia RTX 3050, Core i9-12900HK е побрз од М1 Max, Elite Dragonfly G3 ⋆ IT.mk

Ботче ...
Не дотурај сол на рана...

одговори Лајк

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

Digilink Konsalting

Java Script Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

види ги сите огласи на kariera.it.mk