Бројни корисници го користат прелистувачот Chrome затоа што е исклучително брз, ефикасен и, секако, пријатен на очите. Но, знаете како викаат, од убаво има и поубаво, особено доколку ја инсталирате следнава екстензија. По проверување на потенцијалите на Manganum никако не сакаме да се вратиме на здодевниот статичен начин кој е својствен за Chrome. Всушност се работи за инспиративно ново јазиче кое ќе проба да ви го расположи денот со неколку интересни функции.
Прво, секојдневно се прикажува или слика или видео во висока дефиниција (4К). Ваквото пласирање на мултимедијални содржини е крајно инспиративно и охрабрувачко, особено при почнување на вашиот ден. Можете да наместите да се прикажуваат само фотографии, само видеа или комбинација и од двете. Освежувањето на сликата или видеото стапува на сила секој ден на полноќ, а доколку не ви се допаѓа моментниот пристап можете рачно да го замените со нешто друго. Во поглед на теми имате фотографии и видеа од природата, архитектура, улици, мултимедијални содржини фатени од сателити, уметнички дела, и наразлични комбинации на бои.
Паралелно со ова, преку јазичето, во горниот десен агол добивате податоци за моментното време, датум и временска прогноза додека во долниот дел може да читате најразлични цитати на познати луѓе, позитивни и мотивирачки мисли, исклучително прецизна информација за тоа колку точно време поминало откако сте се родиле и колку време ви „преостанува“, како и да напишете што е вашиот фокус за денеска во 40 карактери или помалку. Доколку ја остварите целта, ја добивате сатисфакцијата да го прецртате и да напишете нешто друго на што би сакале да се фокусирате.
Доколку сакате, можете да наместите ваши фотографии да доминираат преку јазичето. Уште подобро, со еден клик може да поставите ваше видео, како од вашето семејство, кое ќе се репродуцира во позадина секојпат кога ќе го покренете Google Chrome. Малите нешто го прават светот убав. Manganum има колекција од интересни мали нешта. Проверете ги тука!
Најдобрата функција е таканаречената launch pad. Од тука, добивате инстантен пристап до вашите омилени или најчесто користени сајтови, можете да го пребарувате google, а имате и пристап до најчесто користените сервиси на Google, како gmail, maps, но и до најкорисни алатки на Chrome, како копче за чистење на вашата прелистувачка историја, преземени фајлови и многу повеќе.
Веднаш под копчето Launch pad, интегрирано е копчето за Google Translate, a трите последователни копчиња се резервирани за опции кои ќе се појават во иднина. Тоа се календар, забелешки и задачи.