Handbrake ги зарази своите корисници со тројанец

во Вести

Оперативниот систем macOS, важи за побезбеден од Windows. Можеби поради ова секогаш кога има вест за безбедносен пропуст или напад интересот е поголем.

Креаторите на апликацијата Handbrake ги предупредија сите европски корисници кои го преземале софтверот дека имаат 50% шанси да инсталирале малициозен софтвер. Ова важи за сите корисници кoи го преземале софтверот помеѓу 2 и 6 мај. За проверка треба да побараат дали во OSX Activity Monitor работи процес Activity_Agent.

Проблемите започнале откако напаѓачот го заменил оригиналниот фајл од фрацускиот мирор за преземање на софтверот со малициозен фајл. Софтверот е заразен со OSX.PROTON тројанец. Миророт за преземање е затворен веднаш по откривањето на проблемот, но веќе се заразени некои корисници.

Еве што советува Handbrake за отстранување на малициозниот софтвер. Отворете ја Terminal апликацијата и внесете ги овие команди:

  • launchctl unload ~/Library/LaunchAgents/fr.handbrake.activity_agent.plist;
  • rm -rf ~/Library/RenderFiles/activity_agent.app;
  • ако во ~/Library/VideoFrameworks/ постои фајл proton.zip, избришете го фолдерот.

Сите корисници кои ќе утврдат дека компјутерите им се заразени треба да ги променат лозинките од OSX KeyChain и во прелистувачите.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
за целосна понуда на продукти, на market.it.mk