Најголемиот производител на чипови, Intel задоцни на пазарот за чипови за телефони, и потоа никогаш не успеа да стане конкурентен на истиот. Компанијата е решена истата грешка повеќе да не ја повтори. Минатата година компанијата ја претстави својата верзија на проширена реалност, а сега се вклучува и на пазарот за автономни возила.
Intel останува најголем производител на чипови. Компанијата во 2016 година заработи 59.83 милијарди долари. AMD во истиот период заработи помалку од 10% од оваа сума или 4.27 милијарди. Овие бројки не би требало да го загрижуваат гигантот. Сепак, поради намалувањето на продажбата на компјутери Intel се обидува да пронајде нова област за инвестирање.
Компанијaта доцни и на овој пазар. Google, Tesla и куп други производители на возила веќе одамна ги тестираат автомобилите. Поради ова пред два месеци Intel исплати 15 милијарди долари за израелскиот стартап Mobileye. Intel, BMW и Delphi веќе ги претставија првите автомобили.
Следно за Intel и неговите партнери е лансирање на 5G стандард за комуникација помеѓу возилата. Дополнително, компанијата работи и на систем кој ќе биде посредник помеѓу возилата на сите производители. Производителот издаде SDK кој ќе овозможи сите кои тестираат со Atom процесот, да се префрлат на Xeon во иднина без промена на кодот. Презентацијата на возилата и најавата на технологијата е на отворањето на Innovation Center for Autonomous Driving, јави Engadget.
За разлика од BMW кој ќе продолжи да произведува возила, интересот на Intel се чини дека е пронаоѓање на нова платформа за продажба на возила. Веројатно е дека компанијата ќе го користи возилото како доказ за концептот и за поголема продажба на чипови.







