{mosimage} FarmVille е одговорот зошто на луѓето им е интересен Facebook. На денот кога Google го презентираше својата друштвено мрeжа Buzz која треба да му конкурира на Facebook, еден интересен податок покажува дека апликациите, кои Google ги нема, се движечката сила на активностите на Facebook.
Имено корисниците на FarmVille, најпопуларната Facebook апликација, испратиле 220 милиони виртуелни поклони за денот на љубовта за само 18 часа! пренесува AllFacebook. Оваа бројка ќе продолжи да расне доживувајќи ја кулминацијата на 14 фебруари кога всушност се слави св. Валентин.
Се чини дека како што раснат друштвените мрежи, така
виртуелните добра
стануваат интересен бизнис. Без врска дали се тоа вирутелни пари за FarmVille или виртуелни чипови за покер, се чини луѓето сакаат да добиваат и праќаат поклони. Погледнете го само вашиот Facebook стрим со вести и ќе видите број расфрлани најразновидни подароци од разновидни апликации.
Па… дали вие испративте по некој виртуелен подарок за Валентин?
{mosimage}






