Хакерите активисти Anonymous ќе креираат друштвена мрежа

1 коментар 1 мин. читање

Револтирани што Google го банираше Your Anon News профилот на нивната + мрежа поради нарушување на Условите за користење, хакерската група Anonymous најави дека ќе креираат друштвена мрежа каде нема да се толерира „банирањето и цензурата“.

Во својот Tumblr пост Anonymous ја најави AnonPlus мрежата која е во изработка.

„Би сакал да напоменам дека овој проект е за СИТЕ луѓе не само за anonymous, оваа идеја е само почетна идеја и го зема името anon само поради анонимноста на друштвената мрежа.“, се вели на сајтот на кој има и форум за програмерите каде се дискутира дизајнот и креирањето на мрежата.

(via Wired)

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top