1 коментар 1 мин. читање

Направете си RSS фид од Google+ профилот

Google+ расте многу брзо, се претпоставува дека во своите две недели од постоење веќе собра 10 милиони корисници, а со тоа растат и екстензиите поврзани околу оваа друштвен мрежа.

Најнова екстензија која има за цел да ви го олесни работењето со Google+ е Google Plus User Feed. Оваа екстензија ќе ви биде корисна доколку сакате Google+ постовите на вашите пријатели да ги гледате како RSS feed. Сè што ви е потребно за ова е бројот на профилот кој сакате да го следите, URL-то на Google Plus User Feed, и RSS Reader.

Активирањето на оваа опција е многу лесно. Најпрво упатете се на Google+ профилот чии постови сакате да ги читате како RSS feed, ископирајте го бројот што се наоѓа во URL-то на профилот, во мојот случај тоа е 112977081070554943787.

Вметнете го линкот http://plusfeed.appspot.com/ во вашиот Reader, и на крајот од овој линк додадете го бројот што го ископиравте претходно.  Кај мене целиот линк би изгледал вака: http://plusfeed.appspot.com/112977081070554943787. Како што напоменав и погоре активирањето е многу лесно и едноставно.

(via Lifehacker)

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top