OnePlus 2 доби одлични први рецензии, и покрај недостатоците

Откако минатата верзија на кинескиот OnePlus беше прогласена за еден од најдобрите телефони, сите со нетрпение чекаа да го видат и вториот телефон. Тој пристигна и веќе доби позитивни оценки од првите рецезенти на OnePlus 2. Се чини дека повторно станува збор за одличен и евтин телефон кој може да им конкурира на Samsung, Apple, HTC, Huawei…

Иако OnePlus 2 е подобар од претходникот, сè уште ја задржува ниската цена. Телефонот доаѓа во два модели со 16GB и 64GB слободен простор, и без договор чинат 330 и 390 долари. Ова не евтино за телефон, но за хардверот и перфомансите на OnePlus 2, навистина станува збор за супер ниска цена. „Доколку успеете да дојдете до OnePlus 2 ќе бидете наградени со телефон со одлични перформанси кои што е значително поевтин од Samsung Galaxy S6 или iPhone, телефони кои се со споредливи перформанси“, вели Verge.

Речиси секој дел од хардверот на новиот телефон е подобрен – екранот е 5.5 инчен и како и претходникот со 1080р резолуција, но подобрено е осветлувањето, боите и аглите на гледање. Сепак за да ја задржи конкурентната цена, телефонот мораше да жртвува дел од стандардната функционалност кај телефоните од повисока класа, така доаѓа без безжично полнење и NFC; за жал и без можност за брзо полнење. Дел од добредојдените новитети сес USB Type-C, хардверско копче за нотификации, dual SIM и читач на отпечатоци за прстите. За жал не сите рецезентите се импресионирани од отстапките.

„Изозставањето нa NFC е поголем проблем со оглед на тоа дека наскоро доаѓа Android Pay и без сомневање ова е нешто што OnePlus ентузијастите ќе сакаат да го испробаат. Без NFC ќе бидат оставени надвор од забавата. Брзото полнење и исто така болна точка“, критикува Ars Technica.

Настрана недостатоците кои сепак доаѓаат поради тоа што производителот се обидува да презентира пред се конкурентен телефон со цената, остатокот на хардверот е Snapdragon 810 на 1.8Ghz, 16 или 64 GB слободен простор, 13МР камера. Ова сепак за „телефон на буџет“ е повеќе од солидно. Изоставањето на NFC, најверојатно ќе биде проблем во Северна Америка, Јапонија и Западна Европа каде Google Pay можеби веднаш ќе биде имплементиран, но остатокот на светот можеби нема да се грижи толку за таа услуга. Недостатокот на брзо полнење е најверојатно најголемиот проблем, производителот се обидува да го „заобиколи“ со подобра оптимизација и капацитет на батеријата, па доколку успее да издржи со едно полнење во денот тогаш можеби и двете отстапки ќе се покажат оправдани.

Едно од прашањата кои можеби најмногу ги интересираат корисниците е новиот Oxygen OS. Производителот неодамна ја прекина соработката со CyanogenMod, па мора да го забрзаат развојот на сопсвениот оперативен систем. Со оглед на тоа дека промените во однос на Android 5.1.1 се визуелни, нема премногу изненадувања. „Oxygen OS е идеална ситуација за ОЕМ Android skin, би сакале и останатите производители да го користат како план за својот софтвер…“, вели Ars Technica, доавајќи дека токму софтверот е најдобриот дел од телефонот.

Пред се со оглед на цената и перформансите, станува збор за одличен телефон, оперативниоте систем нема да претставува проблем, како што можеби се претпоставуваше по најавите за повлекување на Cyanogen, сепак со сите недостатоци најголем проблем на OnePlus останува ужасниот начин на купување на телефоните, чекање до три недели, под услов ако некако успеете да се протнете и да си порачете телефон.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments