Со хакатон до покреативно образование

во Вести

SmartUp ги повикува сите кои имаат идеја за покреативно образование на Образовен хакатон. Хакатонот се одржува од 4 до 6 декември, во склоп на конференцијата: „Квалитетно образование за раст, остварувања и подобра иднина”. Образовниот хакатон е поддржан од: Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика и UNICEF. Настанот ќе се одржи во хотел Александар палас и Јавна соба.

Учесниците поделени во тимови од 6 до 10 луѓе до крајот на хакатонот ќе треба да претставаат приближно функционално решение. Тимовите составени од дизајнери, ученици, наставници, родители, програмери, архитекти, психолози, социолози, креативци, ќе работат заедно за да дојдат до инклузивни и иновативни решенија кои ќе одговорат на некои од предизвиците во образованието и ќе помогнат во подобрување на неговиот квалитет. Учесниците ќе добијат и менторска поддршка од професионалци/експерти од различни области.

Настанот покрива неколку теми и предизвици:

  • Кои алатки и методи треба да ги користат наставниците за да го унапредат развојот на карактерот и вредностите кај учениците преку редовната настава?
  • Како да им се помогне на наставниците да останат во чекор со најновите трендови во педагогијата?
  • Како да воведеме учење засновано на игра во предучилишните програми?
  • Современата технологија како стимул за подобрување на постигнувањата на учениците?
  • Уредување на идната инклузивна училница врз основа на принципите на универзален дизајн што промовира припаѓање и соработка.

Моделите ќе ги разгледа и оцени жири комисија составена од членови од Министерствата, Фондот за технолошки развој, претприемачи и слично.

Учеството на хакатонот е бесплатно, сите заинтересирани треба да пополнат формулар, најдоцна до 1 декември. Повеќе податоци за настанот може да пронајдете на веб-страницата на Innovation Lab.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments