Bitcoin надмина и 9.000 долари, а речиси 4 милиони биткоини се загубени засекогаш

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Вести

Bitcoin успеа да ја надмине и границата од 9.000 долари, Криптовалутата викендов се менуваше и за над 9.600 долари. Истовремено расте и Ethereum, стигна до 475 долари.

„Бројот на луѓе кои отвораат сметки и купуваат биткоин, дури и малечки делови, расте. Луѓето кои имаат bitcoin, немаат причина да го продат се додека интересот е волку голем“, вели инвеститорот Марк Кубан, кој смета дека bitcoin ќе продолжи да расте.

Image courtesy of Coindesk

Неодамна криптовалутата беше споредувана со златото кое луѓето го чуваат како резерва. Но, ова не е единствената сличност. Како што во минатото тонеле бродови и се губело златото, се губи и bitcoin. Над 3.79 милиони биткоини се загубени засекогаш. Ова се помеѓу 17% и 23% од вкупно ископаниот bitcoin, јави Fortune. Интересно е што сите 1.041.715 од оригиналните „Satoshi“-парички се сметаат за загубени. Вредноста на загубените криптовалути на денешниот пазар се проценува на над 35 милијарди долари. Добра вест е дека во 2017 година нема загубени биткоини.

Причината за големиот број на загубен bitcoin лежи во ниската вредноост која криптовалутата ја имаше во почетоците кога, беше и најлесно да се искоопаат, па добар дел од корисниците и ги заборавија своите новчаници.

Податоците за загубените биткоини се засноваат на скорешната делба на bitcoin и bitcoin cash. Дури и корисниците кои само ги чуваа парите во новчаникот се логираа и направија транцакција, со тоа Chainalysis стигна до податоците.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk