0 коментари 2 мин. читање 10 август, 2015

Хаха наместо lol, открива анализа на Facebook за јазикот на смеењето

Повеќе од половината корисници на најголемата друштвена мрежа Facebook најчесто го употребуваат „haha“ кога сакаат да покажат дека нешто им е смешно, наместо “lol”, открива нова анализа. Со оглед на бројот на корисници кои ги има Facebook, а тоа е нештонад 1,3 милијарда, речиси без сомневање може да тврдиме дека „хаха“ е најчесто употребуваниот израз за смеење.

Корисниците во 51,4 отсто од случаите користеле „хаха“, иако ова можеби не е изненадување. Но, тоа што изненадува е само 1,9 отсто за „lol”. Зад „хаха“ на листата на најупотребувани форми со кои се покажува смеењето се емотиконите (33,7%) како покреативен начин да го изразат своето задоволство. „Хехе“ е на третото место со 13,1 отсто од вкупниот број на „смеења“. Интересно анализата на Facebook покажува дека најголем дел од корисниците користат единствено еден од овие четири форми за прикажување на смеење. „Хаха“ почесто го користат мажите корисници, додека жените почесто користат емотикони, со речиси иста застапеност на „хаха“ и емотиконите.

Иако анализата на Facebook е интересна бидејќи покажува и уште еден податок, а тоа е дека друштвената мрежа знае загрижувачки многу за своите корисници што од постови, што од коментари, со што уште еднаш се покажува како точно „Ако нешто е бесплатно, тогаш ти си продуктот“.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top