1 коментар 2 мин. читање 20 јули, 2015

Flirtey ја направи првата достава со дрон која беше одобрена од американските власти

Федералната агенција за авиосообраќај FAA направи исклучок во својата забрана за беспилотни летала и му дозволи на Flirtey да направи три достави до клинички центар во Вирџинија. Тестовите на приватната компанија беа набљудувани и од тим на NASA, а болничкиот тим кој учествуваше е дел од тим на лекари и волонтери кои работат во рурални области каде често сите лекови не се достапни, не само на терен туку и во регионот со оглед на тоа дека аптеките се далеку, па вакви достави се добредојдени.

Иако станува збор за демонстрација, сепак е добар пример за дека американските воздухопловни правила можеби наскоро ќе се сменат. И во Македонија постојат строги правила за беспилотни летала, но се повеќе компании размислуваат да ги користат како уникатен начин за достава на продукти. Всушност Flirtey, компанијата која ги направи тестовите, има единствена цел – да го направи доставувањето на продукти со дронови реалност.

Беспилотните летала можат да бидат одлична алатка во случај на потреба од иста достава, пример лекови, против отров за каснување од змија на непристапен терен или доколку постои опасност за пилотите кои би ги транспортирале потребните производи. „Не е практично да доставувате лекови кои се итно потребни со автомобил кога и патиштата можеби се блокирани. Доколку нема потребни лекарства на терен, некој мора да вози до аптека да ги земе потребните лекови и да се врати, за ова може да биде потребен цел ден, ние го направивме за 30 минути“, вели директорот на Flirtey, Метју Свини, за Re/code.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top