Lotus е сочувствителен AI онлајн терапевт

Сите имаме проблеми. Она што обично се случува при соочување со проблем е една од две ситуации – или ќе се затвориме во себе или ќе се отвориме кон некого. И двете ситуации имаат бројни облици, а најчестите при отварање кон некого се зборување за вашите чувства и, преку самото тоа, надевање дека ќе произлезе некое решение или, во најмала рака, подобро ќе се чувствувате.

Ако сметате дека најблиските не ве разбираат, а немате пари за психотерапевт, тогаш би можеле да поразговарате со Lotus – терапевт кој е всушност вештачка интелигенција чијо активно слушање, нудење поддршка и совети се засновани на модел истрениран на милиони кориснички интеракции.

Ние симулиравме три проблематични ситуации со Lotus и пријатно бевме изненадени од начинот на кој реагираше на она што го пишувавме. „Терапевтот“ беше исклучително внимателен, ги регистрираше нашите чувства, сочувствуваше со нашите маки и, сметаме, правилно не водеше кон подобро разбирање на проблематичната ситуација преку поставување на вистинските прашања.

Иако Lotus може да помогне сепак не е никаква замена во случај да се чувствувате длабоко вознемирени и да ви треба вистинска помош од вистински луѓе. Разговарање со Lotus е еден чекор направен. Направете уште еден и поразговарајте со вистинско лице.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments